фото: kfsm.mk

Кошаркарите ги дознаа ривалите во квалификациите за Евробаскетот 2027

Денешната ждрепка во Минхен, Германија, македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација ја дочека во четвртиот „шешир“. Сениорките ќе бидат дел од групата „Ф“ во која се и селекциите на Грција, Хрватска и Данска.

Вкупно 38. национални селекции кои го пријавија своето учество во квалификациите, ќе треба да поминат две фази, прва и втора квалификациска, преку четири „прозори“ на ФИБА.

Втората рунда од квалификациите предвидува 24 национални тимови. Од нив, 17 се од првата квалификациска рунда, плус седум од квалификациските турнир за Светскиот Куп 2026 (Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија).

Поделени се во шест групи по четири-учесници (вкупно шест натпревари во два ФИБА „прозорци“, ноември 2026 и февруари 2027, во секој од нив ќе бидат одиграни по три натпревари).

Двете првопласирани селекции од секоја група, вкупно 12, ќе им се придружат на четирите домаќини на Евробаскетот во 2027 година (Белгија, Финска, Литванија и Шведска).

ГРУПА А

БиХ
Израел
Луксембург
Ирска

ГРУПА Б

Словенија
Летонија
Холандија
Естонија

ГРУПА Ц

Словачка
Полска
Романија
Кипар

ГРУПА Д

Велика Британија
Швајцарија
Норвешка
Австрија

ГРУПА Е

Црна Гора
Украина
Бугарија
Азербејџан

ГРУПА Ф

Грција
Хрватска
Данска
МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Г

Србија
Португалија
Исланд

ГРУПА Х (ОРГАНИЗАТОРИ)

Белгија
Шведска
Литванија
Финска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот