Кос: Комплицирана е ситуација со патот на Србија кон Европската Унија

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека приоритет на Европската комисија е да ја задржи Србија на европскиот пат, но исто така е до српската влада да покаже преку реформи дека заслужува да се приклучи кон Европската Унија.

„Приоритет на Европската комисија е да ја задржи Србија на европскиот пат, но не е доволно ние да го кажеме тоа. Србија, секако, мора да спроведе бројни реформи за да докаже дека навистина заслужува членство во ЕУ“, рече Кос во неделата вечерта за време на гостувањето на словенечкиот јавен сервис.

Таа, исто така, зборуваше за причините зошто знамињата на ЕУ не можат да се видат на студентските протести во Србија.

„Интересно е што кога ги прашав различните претставници зошто нема европско знаме, добив околу четири одговори. Првиот е – затоа што го поддржувате Вучиќ. Вториот е затоа што нè бомбардиравте – тоа беше НАТО, а не ЕУ. Третиот е затоа што барате од нас да го признаеме Косово, што ЕУ, секако, не го бара од Србија. И четвртиот е затоа што не сакаме да се налутиме на Русија. Значи, тоа е комплицирана ситуација“, рече Кос, додавајќи дека е во постојан контакт со претставници на граѓанското општество во Србија.

Комесарката за проширување зборуваше и за идниот буџет за нејзиниот оддел.

„За мојот оддел, три пораки се важни во врска со буџетот. Првата е дека имаме доволно пари во овој седумгодишен буџетски период за земјите што се моментално кандидати. Втората е дека овие пари ќе зависат од степенот до кој тие ги исполнуваат реформите. И третата важна порака е дека обезбедивме 100 милијарди евра за потребите на Украина, за процесот на пристапување и за обновата на таа земја“, рече Кос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот