Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје/Фото: Драган Митрески-Слободен печат

ВИДЕО | Кос: ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан

Безбедност, стабилност и просперитет за сите ваши граѓани, имате на располагање алатка која ќе ви помогне во интегритивниот процес, им порача еврокомесрката Марта Кос на лидерите од регионот, кои денеска во Скопје се собраа на Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан.

Самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје/Фото: Драган Митрески-Слободен печат

– Немаме веќе пари и време за губење – додаде еврокомесарката, апелеријќи до земјите од Западен Балкан, порачувајќи дека Европа не би била цела без земјите од регионот.

– Иднината на Европа нема да ја одредува никој друг, освен самите Европејци – додаде таа.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на почетокот од средбата на лидерите од Западен Балкан и претставниците од ЕУ, порача дека тој ја споделува визијата на Унијата за целосна интеграција на континентот.

Лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан е посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни институции.
Во рамки на лидерската средба ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот