Фото: МИА

Коронавирусот ја отежнува борбата на полицијата со наркокартелите во Мексико

Пандемијата на коронавирусот се заканува да ја запре борбата на Мексико против некои од најопасните наркобанди, затоа што полицајците и службениците се повеќе се разболуваат.

Моќниот картел „Халиско” и неговите ривали ги користат ослабените безбедносни сили за да ја интензивираат борбата за контрола врз трговијата со дрога во Мексико, тврдат безбедносни службеници и аналитичари.

Од друга страна, армијата помага во борбата против коронавирусот, а касарните се претворени во клиники за лекување на Ковид-19.

Исто така, полицајците кои се со прекумерна тежина или имаат некои претходни заболувања се отстранети од улиците во одредени области затоа што се смета дека се изложени на голем ризик од заразување со коронавирусот, информираат мексиканските власти.

Според властите на мексиканската држава Гереро, каде што се активни околу 40 вооружени групи, меѓу кои е и „Халсико њу џенерејшн картел”, полициските сили се ослабени од пандемијата на коронавирусот во своите редови.

Тие додаваат дека, кога еден полицаец ќе се разболи, во просек уште четири треба да одат во изолација на две недели и истакнуваат дека некои полицајци кажуваат и сомнителни изговори за да избегнат работа.

Со повеќе од 19.000 смртни случаи, Мексико е на седмото место во светот по бројот на починати од коронавирусот.

Во оваа земја се регистрирани вкупно 159.793 случаи на коронавирус, покажуваат податоци на Ворлдметерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот