Коњановски: Помаку пријавени пациенти со грип во однос на лани во Битола

 Во Битола, во однос на лани, истиот период, оваа година во градот досега има помал број пријавени лица со клиничка слика на грип, истакна градоначалникот Тони Коњановски. Тој го кажа ова за време на како што рече, „посетата на мојата матична установа“, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.

Во Центарот за јавно здравје во Битола оваа сезона биле аплицирани над 8.000 вакцини против сезонски грип, бесплатни и комерцијални и тоа, претставувало рекорден број вакцинирани во споредба со минатите години.

– Од директорката Светлана Поповска Кљусева бев информиран за идните планови за развој на овој регионален центар, како и неговата сѐ позначајна улога во справувањето со новите предизвици со што се соочува секторот – јавно здравје. Во однос на актуелната епидемиолошка состојба со сезонскиот грип во Битола, статистиката што ми беше презентирана, говори дека во однос на минатата година, истиот период, оваа во Битола, досега, има помал број пријавени лица со клиничка слика на грип, а пикот на заболени се очекува во текот на месец февруари, посочи Коњановски.

Центарот за јавно здравје располага со доволно тестови за микробиолошка потврда на вирусот на грип, како и за останатите вирусни и бактериски причинители на респираторните заболувања, потврдија од оваа јавна здравствена установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот