Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Конечно „активност“ на автобуските постојки, офарбана една клупа кај МАНУ!
ЈСП „Скопје“ конечно се сети во каква ужасна состојба се наоѓаат автобуските постојки во градот, па започна со бојадисување на клупите на станиците. Најсвежо фарбани, како што забележавме, се металните клупи на постојката кај МАНУ.
Препорачано
Од ЈСП нема информација дали ќе продолжат со обновување и на другите постојки и дали тоа ќе се сведе само на бојадисување.
Повеќето автобуски станици низ Скопје се сериозно оштетени, со ишкртани стакла или со остатоци од залепени информативни плакати, корпите за отпадоци речиси на сите постојки се искршени и не се функционални, а ниту хигиената не е на завидно ниво. На дел од постојките, како на пример, на булевар Борис Трајковски накај Драчево нема ниту настрешници на постојките, а не треба да се заборави дека на нив граѓаните чекаат автобус во сите временски пригоди – и на дожд и кога пече сонце.
На автобуските постојки време им е за ремонт, па да се надеваме дека обновата нема да заврши само со бојадисаната клупа кај МАНУ.


Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
12мин
-
12мин
-
25мин
-
39мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5