Комунална хигиена со гпс-систем ќе ги следи возилата и садовите за отпад

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје воведе најсовремен гпс-систем со којшто ќе врши надзор на движењето на сите специјални комунални возила за собирање и транспорт на отпадот, како и на моменталната состојба на исполнетост на капацитетот на садовите за отпад.

Траекторијата на возилата, нивната моментална локација, брзината на движењето и потрошувачката на гориво се само дел од податоците што раководството на Претпријатието во секој момент ќе ги има на увид, преку употребата на гпс-системот за надзор. Воедно, преку поставените сензори на контејнерите ќе се утврдува колкава е моменталната исполнетост на нивниот капацитет и дали има потреба од нивно празнење.

– Очекуваме големи придобивки од воведувањето на овој систем за надзор на собирањето и транспортот на отпадот, најмногу преку увидот во движењето и локацијата на возилата, како и потрошувачката на горивото. Особено е значајна можноста сензорски да се утврди дали еден контејнер е целосно или делумно исполнет со отпад и во согласност со тоа да се испланираат активностите на екипите на Претпријатието – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена“Скопје, Абдусамед Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!