Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Комуналците во акција, ќе се мијат контејнерите за ѓубре низ Скопје

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ најави дека дека започнува акција за миење на контејнерите за отпад и локациите каде тие се поставени.

Оваа акција ќе опфати детално чистење на контејнерите, како и на околното подрачје, со цел да се задржи високо ниво на хигиена и да се подобри изгледот на јавните површини. Покрај тоа, екипите на ЈП „Комунална хигиена“  вршат и активност за рачно и машинско миење на улиците и булеварите низ сите општини на градот. Овие активности ќе се реализираат со помош на специјализирани автоцистерни, кои ќе се користат за ефикасно чистење на асфалтот и останатите јавни површини. Акцијата ќе се спроведува етапно и редоследно, со цел да се постигне максимална покриеност и квалитет на изведување на работите – информираат од претпријатието.

Оттаму нагласуваат дека сите активности за одржување на хигиената на јавните површини се спроведуват согласно Оперативниот план за одржување на јавната чистота на град Скопје, со цел да се обезбеди чиста и уредна средина и да се подобри квалитетот на живот на граѓаните.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот