Германија/ фото: Pixabay

Банкротираше германска компанија стара 100 години

Добро познатата германска компанија Wechsler Finefish, специјализирана за премиум чадена риба, прогласи банкрот. Компанијата испорачува рибни производи за трговски синџири како што се Edeka и Globus, како и бројни органски супермаркети.

Според извештајот на германскиот специјализиран весник Lebensmittel Zeitung, Трговскиот суд во Келн отвори постапка за банкрот, а Јенс Шмит е назначен за привремен стечаен управник. Целта е да се најде стратешки купувач за да се продолжи со производството и да се спасат околу 40 работни места во седиштето на компанијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Вехслер Фајнфиш“ е на пазарот повеќе од 100 години и е позната по своите висококвалитетни производи од димена риба. Покрај конвенционалната понуда, компанијата дистрибуира и органски производи од риба под брендот „Биомаре“, кои се вклучени во асортиманот на бројни органски супермаркети. Исто така, снабдува и угостителски објекти.

Финансиските проблеми ескалираа по промената на сопственоста во 2024 година, кога Теодор Јансен ја презеде компанијата. Преземањето беше поврзано со висок долг, што на крајот доведе до презадолженост и банкрот.

Ситуацијата беше дополнително влошена со ненадејното затворање на клучен производствен погон во Полска, каде што фабриката за преработка на пастрмка престана со работа во ноември 2024 година.

И покрај предизвиците, и менаџментот и стечајниот управник се оптимисти. Веќе има неколку потенцијални купувачи, а добавувачите и големите купувачи, вклучувајќи ги Едека и Глобус, изјавија дека ќе продолжат да соработуваат со Вешлер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот