Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправа за нов шеф на ОТА

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да расправа за Предлог – одлука за избор на директор на Оперативно-техничката агенција.

Претседателката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска неодамна за МИА информира дека на конкурсот за директор на ОТА се пријавени 21 лице. ОТА веќе два месеца е без директор.

Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 5 септември 2023 година, донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА.  За директор на ОТА може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во следниве области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки и  да има минимум десет години работно искуство по завршување на образованието во областите предвидени во потточката 2) на оваа точка.

На дневен ред на Комисијата е и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки и изменување на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот