
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување зголемените цени за премијата
Минатата недела осигурителните компании одлучија да ја зголемат нивната цена за 15, 4 процени со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците растат.
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден. Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките.
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница побара од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да изготви анализа за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на друштвата за осигурување, во насока на заштита на крајните корисници, а со цел обезбедување сеопфатна информација за донесување објективна и транспарентна одлука.
На состанокот, Комисијата одлучи во најскоро време по доставување на анализата од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да свика седница и да ја разгледа доставената Информација и да донесе соодветни заклучоци.
Минатата недела осигурителните компании одлучија да ја зголемат нивната цена за 15, 4 процени со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците растат.
На ова реагираа од Агенцијата за супервизија на осигурениците од каде тврдат дека покачувањето е неосновано.
Минатата година за провизии за продавачи кои ги ангажираат компаниите за осигурување исплатени се 11, 5 милиони евра. Ова осигурување е задолжително, неговата цена е регулирана и ја утврдува државата, па се поставува прашањето зошто компаниите од овој бизнис имаат потреба од вакви посредници кои ги плаќаат.