Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY

Коментатор на Би-Би-Си нема дилеми, Ѓоковиќ може да биде претседател на Србија

Коментаторот на Би-Би-Си, Крис Бреднам изјави дека Новак Ѓоковиќ без проблем може да биде избран за претседател на Србија, доколку еден ден одлучи да се кандидира.

Бреднам овие зборови ги кажа додека го коментираше мечот од четвртфиналето на Вимблдон меѓу Ѓоковиќ и Јаник Синер, кој заврши со триумф на српскиот тенисер во пет сета и тоа откако губеше со 0:2 во сетови (5:7,2:6,6:3,6:2,6:2).

– Ѓоковиќ има многу навивачи каде и да игра и тие го следат во секој чекор. Се прашувам дали еден ден ќе влезе во политиката и ќе стане претседател на Србија. Мислам дека би остварил убедлива победа на изборите – рече Бреднам за време на преносот.

Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Вимблдон, утре од 11 часот протв домашниот тенисер Камерон Нори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!