Фото: Tanapong Sungkaew / Alamy / Alamy / Profimedia

Колку заработуваат експертите за вештачка интелигенција во Мајкрософт- бројките ја шокираат дури и конкуренцијата

Неофицијална, анонимно пополнета табела за вработените покажува колку заработуваат инженерите за вештачка интелигенција и експертит во тимот на Мајкрософт. Иако податоците не се официјални, тие даваат ретко виден увид во платите на Microsoft по сектор и ниво.

Според повеќе од 850 апликации, основните плати за софтверските инженери во САД се движат од околу 120.000 до 340.000 долари во некои групи. Најмногу плата земаат експертите за вештачката интелигенција со 204.135 долари основна заработка. Тука не влегува стажот, бонусите и акциите кои значително ја зголемуваат вкупната сума.

Во исто време, компанијата агресивно привлекува таленти за вештачка интелигенција со нови упатства за работење, додека ги намалува трошоците и бројот на други позиции во текот на годината. Пораката до пазарот останува јасна: клучен приоритет се инженерите за вештачка интелигенција и одржувањето на темпото на раст.

Зголемената побарувачка за вештачка интелигенција ја зголемува основната плата на тимовите тесно поврзани со тие производи. Мајкрософт се насочува кон врвни истражувачи и инженери, па затоа вештачка интелигенција се издвојува во однос на плати и просеците. Ова дополнително ја заострува пазарната трка со конкуренти како што е Мета.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот