
Колариќ: Зарем Луна Парк е приоритет кога нема канализација и водоводна мрежа во Скопје
Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, Светлана Колариќ, во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, вели од поднесени 70 амандмани, Шилегов и коалицијата не им прифатиле ниту еден при расправата за Буџетот за 2020 година, а како најважен го истакна 4та фаза од реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“, во насока Пинтија-Драчево.
Препорачано
Во однос на придобивките кои неодамна ги истакна Шилегов од овој Буџет, како што е изградбата на Луна Парк, Колариќ упати прашање до скопскиот градоначалник.
-Само за реквизити преку предложениеот буџет се предвидени 120 милиони денари. Дали на граѓаните кои имаат проблем со канализација и водоводна мрежа во Скопје, потребен им е забавен парк- запрашува Колариќ.
Основниот буџет на Град Скопје за 2020 година ќе биде 75 милиони евра. Вкупниот буџет околу 120 милиони евра, 12 отсто повеќе во однос на 2019 година.
Градоначалникот Шилегов потенцираше дека изградбата на Луна Парк, на нова Универзална Сала, одржување на кејот на реката Вардар, изградба на велосипедски патеки и урбана опрема на скопското Кале, се помеѓу повеќето значајни проекти од овој Буџет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
2мин
-
7мин
-
9мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5