Фото: Flickr / Coke For All

„Кока-кола“ повлекува големи количества производи од Европа, имале високо ниво на недозволена хемикалија

Европската филијала за флаширање на гигантскиот производител „Кока-кола“ соопшти дека наредила големо повлекување на производи „Кока-кола“, „Спрајт“, „Фанта“ и други пијалаци, откако проверките утврдиле високи нивоа на хлорат, јавија медиумите.

Повлекувањето се однесува на лименки и стаклени шишиња дистрибуирани во Белгија, Холандија, Велика Британија, Германија, Франција и Луксембург од ноември, изјавија од компанијата во Европа.

„Кока-кола“ тврди дека иако „немаат прецизна бројка“, повлечено е „значително количество“ пијалаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот