Кевин Костнер/Кели Нунан Горс/Фото: CARSTEN KOALL / AFP / Profimedia / Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Која е заносната Кели, поранешна сопруга на милијардерот, во која се вљуби Кевин Костнер?

Легендарниот холивудски актер и режисер Кевин Костнер деновиве се најде во центарот на вниманието поради гласините за новата љубов. Како што пишуваат странските медиуми, Костнер се вљубил во поранешната сопруга на милијардерот и деловен тајкун, режисерката Кели Нунан Горс.

Според најновите извештаи на странските медиуми, Кевин Костнер ужива во опуштената врска со режисерката и авторка Кели Нунан Горс, поранешна сопруга на милијардерот Алек Горес, откако се запознале преку заеднички пријатели и неодамна биле видени заедно во Аспен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Noonan Gores (@kellygores)


Љубовното искуство на Кевин отсекогаш предизвикувало љубопитност, а неговото име со текот на годините се поврзуваше со неколку холивудски ѕвезди низ годините – од Кортни Кокс до Витни Хјустон, а неодамна и со Џенифер Лопез по неговиот развод од Кристин Баумгартнер, кој своевреме ги полнеше насловите на светските медиуми. А сега се шпекулира дека 70-годишниот актер навистина е во врска со Кели Нунан Горес. Меѓутоа, Кели Нунан Горс не е само новата девојка на Костнер. На 46 години, таа го врежала сопствениот пат како режисерка и експертка за велнес.

Која е Кели Нунан?

Кели Нунан Горес е родена на 25 март 1979 година во Лос Анџелес, а кариерата ја започнала како дете-актерка пред да ја основа продуцентската куќа „Елеватив ентертејнмент“ во 2012 година во Беверли Хилс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Noonan Gores (@kellygores)


До најшироката публика допрела со документарецот од 2017 година „Исцели“ (Heal), кој ја истражува врската помеѓу умот, телото и здравјето, и го отвори патот кон инстоимената книга од 2019 година и поткастот, „The HEAL Podcast“, во кој таа разговара со лекари, експерти за велнес и духовни учители. Филмот привлече големо внимание во заедницата за велнес, а дискусиите за неговиот холистички пристап го зајакнаа профилот на авторката во оваа област. Покрај тоа, Кели и копродуцентката Ричел Морисеј ја освоија наградата „Душата во киното“ на Филмскиот фестивал во Мауи во 2017 година за најдобар филм. Освен нејзината професионална работа, Кели е и духовен трагач, медитаторка, обожавателка на спорт и посветена мајка. Нунан често споделува сознанина за здравјето.

Брак со милијардер

Во 2016 година, Кели се омажи за Алек Горес, египетско-американски претприемач и инвеститор, основач на „Горс груп“ (The Gores Group), чија нето вредност во 2025 година се проценува на 2,2 милијарди долари. Кели и Алек се венчале на престижна свадбена церемонија на плажа во Малибу, брзо станувајќи еден од најмоќните парови во Холивуд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Noonan Gores (@kellygores)


Нивната свадба била ексклузивна, со присуство на познати ѕвезди, со изненадувачко појавување на Џон Леџенд и „Вог“ кој го следел секој детаљ. Кели воодушевила во фустан од „Брендон Максвел“ со дијаманти од Нил Лејн, додека Алек остана елегантен во одело од „Бижан“ и кошула од „Бриони“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Noonan Gores (@kellygores)


По осум години брак, Алек и Кели официјално се разделиле во 2024 година. Осврнувајќи се на последната година од нивниот брак, Кели подоцна ја опишала како „најтешката година“ во нејзиниот живот. Зборувајќи во нејзиниот поткаст „Исцели со Кели“ (Heal with Kelly), таа признала дека раскинувањето било срцепарателен и за неа и за нејзиниот поранешен сопруг.

„Беше мачно. Иако јас го иницирав разговорот, ниту еден од нас тоа не го сакаше и беше исклучително срцепарателно“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Noonan Gores (@kellygores)

Нова љубов

Според наводите на изворите, Кели Нунан и Кевин Костнер се запознале преку пријатели и повремено поминуваат време во Аспен, каде што двајцата често престојуваат. Изворите нагласуваат дека станува збор за рана, неформална фаза од врската: Кели го смета Костнер за прекрасен и интересен, но излегувањата не во моменто не се нејзиниот фокус. Таквата рамка на односи, заедно со географските и семејните обврски, објаснува зошто двојката останува ненаметлива во јавноста.

Приватниот живот на Костнер доби ново внимание по неговиот развод од Кристин Баумгартнер, финализиран во 2024 година по 18 години брак и три деца заедно, проследен со низа правни и медиумски пресврти. Во периодот по разводот, медиумите повремено го поврзуваа со познати имиња, но извештаите за врската со Кели Нунан остануваат во доменот на лежерен однос без формална потврда.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот