
Која е тајната за долговечноста на најстарата жена во светот, калуѓерката Андре?
Француската калуѓерка Андре не само што е најстара личност во Европа, туку е и најстара личност во светот. По смртта на Кане Танакa од Јапонија, луѓето кои стојат зад „Гинисовата книга на рекорди“ ѝ ја доделија титулата „најстара личност во светот“ на Андре.
Препорачано
Родена на 11 февруари, во далечната 1904 година, Лусил Рандон се грижела за деца како гувернанта, а станала калуѓерка за време на Втората светска војна. Како голем човекољубец, таа речиси три децении се грижела за сираци во болница во Виши.
Андре ја преживеала пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, а сега станала и најстарата личност во светот која го преживеала коронавирусот. Имено, таа се заразила со вирусот во 2021 година, а подоцна изјавила дека не ни почувстувала дека е заразена.

Денес сестра Андре живее во дом за стари лица во францускиот град Тулон, а во деновите кога пандемијата на коронавирусот го доживеа својот врв, таа морала да биде изолирана во својата соба. Како што вели самата, тешко ја поднесувала осаменоста.
Кога новинарите ја прашале која е нејзината тајна за долговечност, Андре им одговорила дека секој ден пие чаша вино и дека чоколадата ѝ е нејзина „скриена тајна“.
Најстарата личност, која е досега евидентирана, е Французинката Жан Луиз Калман. Верувале или не, таа живеела неверојатни 122 години и 164 дена. Исто како и Андре, и таа тврдела дека виното одиграло голема улога во нејзината долговечност.
Па, напијте се чаша вино со вечерата и изедете коцка чоколада за добро здравје.