Која е судијката што ќе суди за Кочани – им судела на премиери, а нејзината биографија е „скриена“
Фросина Факова Серафиновиќ
Пред
Судијката Диана Груевска-Илиевска во судското портфолио ги има големите случаи што се водеа против поранешните премиери Владо Бучковски и Зоран Заев и против новинарот Томислав Кежаровски. Таа претседаваше и со Советот кој судеше за трагедијата што се случи кај Ласкарци
За судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го води еден од најголемите судски процес во историјата на земјава со над 30 обвинети којшто ќе биде под будното око на јавноста на веб страницата нема ниту фотографија, ниту професионална биографија. Единствено пишува дека за судија била избрана во 2006 година и дека работи во областа кривична материја.
Откако електронскиот систем за распределба на судски предмети познат во јавноста како АКМИС ја „избра“ Груевска Илиевска да го води предметот, од којшто неколкумина судии веднаш се иземаа, јавноста почна да „копа“ која е судијката што ќе го предводи судечкиот совет којшто ќе го менаџира долгиот и мачен судски процес. Судот веднаш во соопштението го истакна долгогодишното искуство од судијката од одделот на Кривично полнолетни.
Судот во соопштението го истакна долгогодишното искуство од судијката од одделот на кривично полнолетни.
– Станува збор за судија со 19-годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17-годишен стаж како стручен соработник – рекоа од Кривичниот суд.
Груевска-Илиевска во судското портфолио ги има големите случаи што се водеа против поранешните премиери Владо Бучковски и Зоран Заев и против новинарот Томислав Кежаровски. Таа претседаваше и со Советот кој судеше за трагедијата што се случи кај Ласкарци во 2019 година, кога загинаа 16 лица, а 37 беа повредени.
Газдата на „Дурмо турс“, во чија сопственост беше кобниот автобус, уште не e во затвор, бидејќи „има проблеми со тестисите“. Овој судски процес траеше повеќе од четири години, повеќе од една година се чекаше супервештачење, а откако тоа беше готово и неговата презентација почна во судницата, дел од невладините организации реагираа дека судијката дозволила тимот од четворица сообраќајни инженери во судница да се испитува практично како едно лице.
Апелација и нашла процесна грешка
Од Коалицијата „Сите за правично судење“, тогаш реагираа дека тимското испитување на вештаците е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП). Во 2024 година, судечкиот совет на чело со Груевска Илиевска, ја изрече првостепената пресуда и возачот на автобусот го осуди на 14 години затвор, додека газдата на „Дурмо турс“ на четири години затвор. Овие пресуди потоа ги коригираше Апелацискиот суд, која повеќе за двојно му ја зголеми казната на газдата Дурмиш Белули.
Пред промената на власта, Груевска-Илиевска беше актуелна во случаите во кои обвинет беше поранешниот премиер, а тогаш опозициски лидер на СДСМ, Зоран Заев. Случајот „Поткуп“ во кој му се судеше на Заев по објавена видеоснимка дека му дава поткуп на струмички бизнисмен, познат во јавноста како „едно евро за црквата, едно за Вицето“, го судеше токму Груевска – Илиевска, а Заев се бранеше дека е наместен и дека никаде во светот нема поткуп без примање пари.
Судскиот процес кој заврши со ослободителна пресуда го доврши судијата Дарко Тодоровски, откако тогашниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев со новиот распопред ја префрли Груевска-Илиевска во кривичниот оддел за полнолетни.
Фото: Фејсбук
-Ја користам приликата да се простиме. Доста јас ве малтретирав – му рече на Заев.
Апелација во овој случај најде процесна грешка, која само како претседател одлучила да ПИ- мерките да важат како доказ наместо одлуката да биде донесена од Советот кој претседавал.
Во 2017 година, кога веќе почнаа судските процеси за големи изборни нерегуларности против вмровските функционери, во медиумските архиви пишува дека Груевска Илиевска го спасила од притвор експремиерот Никола Груевски, но и другите обвинети во „Титаник“ (Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски).
Груевска-Илиевска го водеше случајот и против Кежаровски кој беше осуден на затворска казна од над четири години, затоа што го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Пресудата предизвика огромни реакции во јавноста и критики од новинарските организации и меѓународните тела како пресуда која ја ограничува слободата на говорот.
– Се покажа она што во своите извештаи го напишаа и оние што внимателно ги следат состојбите, Белата куќа и Стејт департментот, дека не Груевски, туку Маневски ги знае вистинските броеви и адреси на кои може да изврши упад во независната судска власт – изјавуваше тогаш Владо Бучковски, кој за овој случај никогаш не одлежа затворска казна.
Се очекува маратонско судење
Сега судијката ќе седне на главното судско столче за најголемата трагедија со над 30 обвинети, голем број на жртви и сведоци, обемна и техничка документација и со обвинение за кое правните експерти велат дека не е правно и физички издржано.
-Имајќи предвид дека овој случај сам по себе најавува долга постапка, доколку обвинението не е правно и фактички издржано, тоа само ќе придонесе за дополнително одолжување на постапките, ќе ги измори семејствата на жртвите, а на крај може да заврши со пресуди што ќе бидат поништени или оспорени, токму поради неоснована или прекумерна квалификација. Со таков исход, правдата повторно ќе им биде ускратена токму на оние што ја бараат со најголема причина. Поради ова, потребно е судството да ја применува правдата доследно, а не популистички. Обвинителството мора да разликува меѓу морална одговорност и кривична одговорност, меѓу апстрактна и конкретна причинско- последична врска. Јавноста треба да продолжи да бара одговорност, но не преку спектакуларни пресуди во емотивно наелектризирани случаи, туку преку фер судски постапки, јасни обвиненија и аргументирани судски одлуки што ќе го издржат тестот на јавна и правна дебата. Во спротивно, правдата станува само симболичен обид за пресметка со неуспесите од минатото, а таквата правда не може да изгради доверба во судскиот систем и да го неутрализира чувството на неказнивост – се вели во јавната реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за овој случај.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
На неколку фронта опозициската Левица ја води правната битка за упатството што го усвои Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (АВМУ) и единствено оваа партија ја исклучи од можноста за платено политичко рекламирање за локалните избори и покрај тоа што има шест пратеници, но ниту една институција не се одважи досега да реагира …
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Шокантна трансформација на Ејми Шумер: Актерката ја покажа својата витка фигура и откри дека користи два лекови за слабеењe 2 Левица ги затрупа институциите со жалби, но никоја не …