Која е разликата меѓу парфем, тоалетна и колонска вода?

Мирисот е универзален термин за се што мириса добро и содржи одредена количина миризливо масло, разредено во алкохол и вода.

Називите на миризливите препарати се должат на различните нивоа концентрација парфимирано масло во составот.

Парфимирана вода

Мирисот трае помалку од еден час. Ова е најразредениот вид мирис, кој содржи 1 до 3 проценти парфимирано масло во алкохолот и водата.

Колонска вода

Мирисот трае околу два часа. Тоа е најстариот термин за парфеми, користен во Северна Америка за машки мириси. Содржи 2 до 4 проценти парфимирано масло, во алкохолот и водата.

Тоалетна вода

Мирисот трае околу три часа. Тоа е лесна мешавина во спреј, која содржи од 5 до 15 проценти миризливо масло растворено во алкохол.

Eau de parfum

Мирисот трае од пет до осум часа. Се користи за машки и за женски мириси, а содржи 15 до 20 проценти чисто парфимирано масло.

Парфем

Мирисот трае до 24 часа. Името го добил од латинскиот термин per fumum (преку чад). Тоа е најконцентриран и скап мирис. Парфемот содржи 20 до 30 проценти миризливо масло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот