
Која е политичката игра на Кина?
Пекинг демонстрира сојузништво со Москва, иако руската операција во Украина и на Кина носи проблеми. Од друга страна, поради санкциите, Путин нема многу избор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Се погласни се анализите во светските медиуми дека поради сите западни санкции со кои се соочи Русија изминативе 20 дена, Путин ќе мора да се сврти кон исток, со што ризикува да стане зависна од Кина.
Во Пекинг, пак, барем засега нема никакци критики на сметка на Москва. Наместо тоа, се критикуваат западните санкции воведени против Русија.
„И покрај сите околности , Кина и Русија ќе ја задржат својата стратешка определба и ќе воведат сеопфатно партнерство во нова ера“, порача министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји.
Тој ги опиша односите меѓу Пекинг и Москва како „еден од најважните билатерални врски во светот“, што придонесува за „мир и стабилност“. и„ цврсто како карпа пријателство на двата народа “, додаде Ванг.

Геополитичко партнерство
Русија и Кина делат многу повеќе од 4.000 километри граница. Енергијата и суровините одат во Кина, индустриските производи во Русија. Во двете земји, владата е цврсто автократска, тие се обврзани со непријателство кон САД, како и со глорификација на славното минато кога сегашните политички потези треба да се оправдаат.
„За Кина, геополитичкиот елемент е одлучувачки во односите со Русија“, вели германскиот политиколог Максимилијан Мајер. „Основата е стратешка соработка која треба да ја потисне американската хегемонија, како што се гледа во Москва и Пекинг. Треба да се создаде противтежа во мултиполарниот свет“, пренесува хрватскиот портал Index.hr.
Стратешкото партнерство беше зајакнато на 4 февруари во форма на заедничка изјава за „пријателство без граници“. Потоа Владимир Путин го посети својот колега Си Џинпинг и присуствуваше на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг. Само три недели подоцна започна војната во Украина.

Баланс на Кина
Сепак, кинеските функционери во јавните настапи се обидуваат да одржат некаква рамнотежа. Од една страна традиционално нагласуваат дека суверенитетот на секоја држава е неприкосновен. Но, кога станува збор за Украина, Пекинг ги признава руските „легитимни безбедносни барања“ поради големото проширување на НАТО кон исток.
Сепак, за време на гласањето во Генералното собрание на ОН за резолуцијата со која се осудува рускиот напад, Пекинг мораше да донесе одредена одлука. И тој реши да остане воздржан, што беше протолкувано како поддршка за Путин.
„Во Кина знаат дека ќе се гледаат како соучесници на Русија“, вели Ендрју Смал, експерт за Кина во германскиот Маршалов фонд. „Тоа е штетно за иднината.бидејќи на Запад веќе наголемо се преиспитува надворешната политика. Се размислува и за економската зависност од Кина а се подготвуваат за можни сценарија на се поивесните кинески инвазии – особено врз Тајван.
Повеќето светски политиколози сметат дека Кина ќе има само штета од руската агресија и од заострувањето на светските односи. „НАТО во принцип ќе излезе посилен од овој конфликт. Фокусот на Американците ќе остане на азиско-пацифичкиот регион. Дури може да се случи Европејците да имаат посилна улога во тој регион во иднина“, велат тие .

Дали Москва ќе зависи од Пекинг?
Пријателството меѓу Пекинг и Москва, во кое Путин сега се заколнува, историски не било секогаш вакво . Во доцните 1960-ти, војниците на двете комунистички нуклеарни сили водеа жестоки битки на заедничката граница. Уште порано, за време на колонијалната експанзија на Русија во 19 век, таа земја проголта милиони квадратни километри за кои Кина тврдеше дека е нејзина територија.
Но, односите со Русија се толку важни за Кина што не се поставува прашањето за границите. Русите сега се чувствуваат посигурни во однос на врските со Истокот. На воено ниво тоа се гледа по тоа што Русите повлекоа огромни трупи од границите со Кина и Монголија.
Од друга страна, Путин речиси и да нема избор. Зашто, санкциите против Русија траат од 2014 година по анектирањето на Крим. „Прашањето е дали овој долгорочен процес ќе ги погоди сите економски и стратешки сектори толку длабоко што Русија нема да има други опции освен да се фокусира на Кина“, велат светските аналитичари.
Во тој поглед, Русија би била зависна. „Меѓутоа, Русија не треба да се чуствува како подреден партнер, бидејќи дури и во вакви околности оваа нуклеарна сила останува автономна и непредвидлива за Пекинг“, додаде германскиот политколог Мајер за Дојче веле .