Лекови апчиња во аптека / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Кој стигне отвора аптека во Бугарија, ама малку од нив работат 24 часа!

Деноноќно отворените аптеки во Бугарија исчезнаа, а само мал број ги опслужуваат клиентите 24 часа на ден. Во земјата има вкупно 3.228 аптеки, а само 34 од нив работат без престан, распоредени во 14 реони! Отворањето на сè повеќе нови аптеки доведува до недостиг од специјалисти во нив, соопшти секретарот на бугарскиот фармацевтски сојуз, Светослав Крумов, објави „Телеграф.бг“.

Според него, не се намалува „модата“ за отворање аптеки, особено во економски привлечните области во големите градови, а се отвораат и сезонски аптеки. Добиени се дури 173 дозволи за отворање аптеки за цела 2024 година. Заклучно со јануари 2025 година, во Бугарија работат 3.228 аптеки, од кои 205 се болнички аптеки. Крумов извести дека речиси секој новодипломиран студент – по првата година, откако ќе добие една година работен стаж и ќе има право да биде менаџер, веднаш отвора аптека. Отворањето на сè повеќе нови аптеки доведува до недостиг од специјалисти во нив, иако Бугарија е на едно од првите места во Европската Унија по понуда на мастер фармацевти. Ако во ЕУ една аптека во просек опслужува 4.150 пациенти, во Бугарија една аптека просечно опслужува 2.300 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот