Руска нафта /Фото: ЕПА

Кој ќе остане без јаболка и хулахопки, а кој без гас, поради санкциите кон Русија?

Во случај Србија да биде принудена да воведе санкции кон Русија, односно да ја усогласи својата политика со Европската унија во однос на ембаргото против Москва како што бара Брисел, „на хартија“ Белград не би изгубил многу бидејќи трговијата со таа земја е само неколку проценти од вкупниот увоз и од извозот на земјата, сепак, во суштина може да остане без важен извор на енергија, а тоа е гасот.

Гледано во монетарна смисла, извозот на Србија во Русија изнесува речиси една милијарда долари, поточно 996,2 милиони долари, а вредноста на увозот од Русија во Србија достигна 1,8 милијарди долари. Во текот на 2020 и 2021 година Србија извезла најмногу јаболка во Русија, а пред две години тој извоз бил вреден 94 милиони долари. Извозот на пневматски гуми бил вреден речиси 60 милиони долари, а на хулахопките – 44,5 милиони долари.

Србија во оваа земја извезува и хартија и картон, храна за кучиња и мачки, како и лекови, анализира Данас рс. Повеќе од четвртина од вкупниот увоз од Русија во Србија е гас, па кога станува збор за тој енергенс во 2020 и 2021 година, оваа земја го увезува во вредност од околу 462 милиони долари, додека увозот на нафта и нафта од битуменозни минерали вредела 331 милион долари.

Покрај тоа, Србија увезува железна руда, екстракти од тутун и цигари, минерални ѓубрива, уреа, делови за авиони и хеликоптери од Русија. Патем, имајќи предвид дека Европската Унија воведе забрана за увоз на руска нафта што се транспортира по морски пат, како и нејзин транзит во трети земји, како што е Србија, и дека НИС добива „црно злато“ од Русија преку Јадранот, таа траса за Србија е затворена од 1 јануари годинава. Исто така, Србија од 5 февруари повеќе не може да увезува гориво произведено во Русија бидејќи Европската Унија поради војната во Украина воведе ембарго и во тој сегмент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!