
Кој ќе го замени Ворен Бафет?
Ворен Бафет, еден од најголемите инвеститори на сите времиња, веќе некое време се подготвува да се пензионира од позицијата извршен директор на неговата компанија Беркшир Хатавеј. По многу шпекулации, сега е официјално: негов наследник ќе биде долгогодишниот соработник Грег Абел.
Грегори Едвард Абел, роден во 1962 година во Канада, моментално е потпретседател за неосигурителни работи, а особено се истакна во енергетскиот сектор. Тој се приклучи на Беркшир Хатавеј во 2000 година, откако Бафет ја купи КалЕнерџи, во која Абел веќе имаше значајна улога. Оттогаш, тој стана клучна фигура во управувањето со бизнисот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– На неодамнешниот годишен состанок на акционерите, Бафет изјави дека Абел е „поцврст и поефикасен“ од него, што јасно укажува на довербата што ја има во својата способност да го води Беркшир Хатавеј во иднина – објавуваат светските медиуми.
Кинезите ги „напаѓаат“ Порше и Ферари- имаат луксузен автомобил со исклучителни можности
Абел е познат по својот тимски пристап, кој го развил преку љубовта кон спортот, особено хокејот и фудбалот. Неговата способност да води големи проекти и да извршува клучни функции, а воедно да одржува високи етички стандарди, го прави идеален наследник.
Како извршен директор, Абел ќе биде задолжен да го продолжи успешниот бизнис модел што Бафет го изградил во текот на шест децении. Се очекува да ја одржи истата инвестициска филозофија заснована на вредносно инвестирање, обезбедувајќи стабилност и раст на компанијата.
Berkshire Hathaway е инвестициски конгломерат кој работи во голем број индустрии, од осигурување и железници до енергетика. Иако традиционално е фокусиран на стабилни бизниси, во последните две децении инвестираше и во технолошки компании. Највредната инвестиција во нивното портфолио е Apple, а тие инвестираа и во Amazon, како и во „финтек“ компании како Nubank.
Овие технолошки инвестиции ја покажуваат подготвеноста на компанијата да се прилагоди на современите пазарни трендови, а воедно да ги задржи основните принципи на вредносно инвестирање.