
Кој ќе ги нследи милионите на Вал Килмер? Не им оставил сè на децата, една сума одделил за нешто посебно
Семејството на Вал Килмер сè уште тагува за загубата, откако познатиот холивудски актер ја загуби битката со ракот на грлото. Тие го прекинаа молкот со емотивна изјава до јавноста, во која им се заблагодарија на сите кои негуваат убави спомени за големиот актер.
Препорачано
На Килмер му бил дијагностициран рак на грлото во 2015 година, откако плукал крв и бил подложен на опсежен третман, вклучувајќи хемотерапија, терапија со зрачење и трахеотомија, поради што имал трајно оштетување на гласот.
Битката со ракот го „скрши“ неговиот дух, но остави последици и на неговата банкарска сметка.
Ќерката Мерцедес и синот Џек кои исто така се актери, имаа силна врска со нивниот татко, особено во неговите подоцнежни години за време на борбата со болеста. Тие двајца често се појавуваа во јавноста со него, а Џек дури зборуваше за документарецот на неговиот татко кога гласот на Килмер беше сериозно погоден од болеста.
Килмер беше една од најуспешните филмски ѕвезди во 1990-тите, благодарение на улогите во голем број блокбастери со голем буџет, вклучувајќи ги „Топ ган“ и „Бетмен“.
Меѓутоа, откако се здоби со репутација дека е тежок за работа, неговата кариера во голема мера „пресуши“. Неговото богатство, исто така, беше намалено по неговиот развод во 1996 година, а Вал своевремено се пошегува дека неговиот развод е „втор најскапиот во Ново Мексико“.
Покрај неговата актерска кариера, Килмер поседуваше значителен недвижен имот, вклучувајќи го и неговиот сакан ранч во Ново Мексико. Неговиот имот вклучува куќа во Лос Анџелес и уметнички дела.
Килмер направи значителни инвестиции во недвижен имот. Тој поседувал голем ранч од 6.000 хектари во Ново Мексико, кој во еден момент сакал да го претвори во одморалиште. Бидејќи неговите медицински потреби се влошиле, Килмер продал околу 5.300 хектари на нафтен магнат во 2011 година за 18,5 милиони долари.
Тој продал уште еден дел од имотот неколку години подоцна, но оставил за себе околу 160 хектари.
Неговото нето богатство било проценето на 25 милиони долари на врвот на неговиот успех. Поголемиот дел од парите им ги оставил на децата, додека остатокот од парите пред смртта ги одделил за хуманитарни цели.