Протест на иницијативата „Кој е следен?“ во Скопје / 10 април 2025 г. / Фото: Методи Здравев / Слободен печат

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Движењето „Кој е Следен?“ ги повикува граѓаните да присуствуваат на симболичен перформанс кој ќе се одржи утре точно напладне пред Основното јавно обвинителство во Скопје.

Како што велат, со оваа герила-акција имаат за цел да ги потсетат македонските граѓани дека нашето движење нема да престане да врши притисок и да се залага за правда за сите жртви на системската корупција.

„Крајно време е граѓаните на нашата Македонија да се освестат – корупцијата и моќта убиваат! На два месеци од трагичната и траорна несреќа во таканаречената дискотека „Пулс“ во Кочани, потсетуваме дека секој од нас може да е следен, а никој од нас не сака да да биде нова жртва на т.н. систем и соодветните институции. Безбедноста мора да е загарантирано право на секој граѓанин и ние нема да престанеме да работиме во таа насока. Институциите треба да ни служат на сите и сите треба да живееме во безбедни градови, во животна средина која ја чуваме и во праведен систем во кој сме еднакви и слободни. „Кој е Следен?“ ќе се залага за ова додека не стане реалност. Ве повикуваме да ни се придружите на нашето симболично оддавање на почит на 16 мај во 12 часот пред ОЈО Скопје“, велат од граѓанското движење.

„Кој е Следен?“ ги повикува граѓаните да им се придружат и на родителите на загинатите во Кочани, кои секоја сабота во 16:05 се собираат во Паркот на револуцијата и маршираат низ улиците на градот Кочани барајќи неселективна правда“, велат од Движењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот