Кој е Французинот на чиј шарм падна Натали Портман?

По бурниот развод од Бенџамин Милепид, се чини дека оскаровката Натали Портман среќата ја најде во прегратките на францускиот музичар и продуцент Тангуј Дестабле, попознат по уметничкото име Тепр. Веста за нивната врска пред неколку дена ги преплави светските медиуми, а оттогаш парот неколкупати е виден на романтични прошетки низ Париз.

Иако точниот момент и начинот на запознавањето на Натали Портман и Тангуј Дестабле не се јавно познати детали, извори блиски на парот наведуваат дека се познаваат преку заеднички пријатели. Со оглед на тоа дека и двајцата живеат во Париз и се движат во слични уметнички кругови, нивното запознавање не изненадува.

Натали Портман со бившиот сопруг EPA/SEBASTIEN NOGIER

Исто како и популарна актерка, Дестабле е уметничка душа. Но тој својата креативна страна ја изразува преку музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tanguy Destable (@tepr_)

Неговата музичка кариера започнала во раните 2000-ти како дел од електро и хип-хоп дуото „Abstractt Keal Agram“. Откако се одлучил за соло кариера во 2006 година, Дестабле почнал да гради име под псевдонимот Тепр и од експериментален хип-хоп преминал во денс електроника.

Познат е и по компонирање музика за филмови и видео игри. Неговиот талент го препознаа и светските ѕвезди, па соработуваше со Лејди Гага на проект за „Dom Pérignon“, а од 2018 година редовно работи на саундтракови за модни ревии за Луј Витон.

Пред врската со Натали Портман, Дестабле бил во долгогодишна врска со француската актерка Луиз Бургоан, а раскинале во 2023 година.

Имаат два сина, Етиен и Вадим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот