
Кои се најбарани работни места во ЕУ?
Стапката на слободни работни места во Еврозоната и Европската Унија малку се намали во вториот квартал од оваа година, но разликите меѓу земјите членки сè уште се огромни. Според податоците од Евростат, европскиот завод за статистика, најголема побарувачка за работници е забележана во Холандија и Белгија, додека речиси и да нема отворени работни места во Романија и Шпанија.
Препорачано
Стапката на слободни работни места во Еврозоната изнесуваше 2,2 проценти во вториот квартал, што е намалување во споредба со првиот квартал (0,2%) и во споредба со истиот период минатата година (0,4%). Низ цела ЕУ, оваа стапка падна на 2,1 процент.
Во индустрискиот и градежниот сектор, стапката на слободни работни места во еврозоната беше 2 проценти, додека во услужниот сектор беше 2,4 проценти.
Меѓу земјите за кои беа достапни податоци, Холандија (4,2 проценти), Белгија (3,9 проценти) и Австрија (3,4 проценти) имаа највисоки стапки на слободни работни места. Спротивно на тоа, најниски стапки беа забележани во Романија (0,6 проценти), Шпанија и Полска (и двете 0,8 проценти) – објави Каматица.
Во споредба со истиот период минатата година, најголемо зголемување на побарувачката за работници е забележано во Кипар (+0,3 процентни поени), Литванија и Малта (и двете +0,2 процентни поени). Најголем пад е забележан во Грција (-0,9 процентни поени), Финска (-0,7 процентни поени) и Германија и Австрија (и двете -0,6 процентни поени).
Во Словенија, стапката на слободни работни места беше 2,2 проценти, што е малку пониско отколку во претходниот квартал и истиот период минатата година.