Папата Франциск положен во ковчег/Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Кои лидери ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск во сабота

Светските лидери и политичари почнаа да го најавуваат своето присуство на погребот на папата Франциск. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе присуствува заедно со првата дама на САД, Меланија.

– Јас и Меланија ќе бидеме присутни на погребот на папата Франциск во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму – напиша Трамп во својата порака, додека претходно силно им изрази поддршка на католиците.

Присуство најави и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој е меѓу последните што се сретнаа со (болниот) 88-годишен папа, ден пред неговата смрт.

Кратко пред упокојувањето, папата се сретна со англискиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила, но тие најверојатно нема да присуствуваат на погребот. Се очекува кралското семејство да го претставува принцот Вилијам, наследник на британскиот трон, иако во овој момент нема службена потврда за неговото присуство. Тогашниот принц Чарлс отпатува во Ватикан на погребот на папата Јован Павле Втори во 2005 година.

Присуство на погребот на папата Франциск в сабота најавија и францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Претседателот на Аргентина – татковината на покојниот понтиф – Хавиер Милеи исто така најави дека ќе присуствува на погребот на понтифот, како и претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе присуствува на погребот на папата Франциск, соопшти нејзиниот кабинет.

– Спротивно на тоа, рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Италијанската влада на денешната седница петдневна национална жалост поради смртта на папата Франциск.

Оваа одлука стапува во сила веднаш и ќе трае до сабота на 26-ти, денот на погребот на понтифот. Ватикан претходно денеска ги објави деталите за погребната поворка на папата, по средбата на кардиналите.

Погребот ќе се изврши во сабота на 27 април во 10 часот (по италијанско време) и ќе го означи почетокот на деветдневната жалост. Погребната церемонија ќе се одржи на отворен простор, пред базиликата Свети Петар.

Песков: Рускиот претседател не планира да присуствува на погребот на папата Франциск

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот