Кралот Фредерик и кралицата Мери / Фото: EPA/Carl Redhead

Кога титулата не значи ништо: Персоналот во ресторанот со Мишелин ѕвезда ја одбил дури и кралицата

Извор близок до данското кралско семејство го откри неверојатниот момент кога кралицата Мери била одбиена при влегувањето во популарен ресторан со Мишелин ѕвезда.

Оваа непријатна случка се случила пред Мери, со сопругот Фредерик, да седне на данскиот трон, во времето кога била принцеза, но за сè се дознало дури сега. Дак Вичангоен, поранешна главна готвачка на ресторанот „Кин Кин“ (Kiin Kiin), кој се гордее со својата Мишелин ѕвезда, ја имала честа да ги служи членовите на кралското семејство.

– Готвев за Мери и Фредерик додека работев во „Кин Кин“. Мери обожаваше „пад таи“ (pad thai) и често доаѓаа кај нас –  раскажала Дак на „Б.Т. њуз“.

Меѓутоа, во една прилика се случило нешто неочекувано. Во тоа време принцеза, Мери пристигнала во ресторанот и била одбиена и вратена од персоналот на вратата.

– Се нашла во близина на ресторанот и влегла внатре, прашувајќи дали има место. Имавме странски персонал во кујната и на влезот, па веројатно не знаеле која е Мери – изјавила Вичангоен.

– Тогаш Мери дојде кај мене и ми рече: „Тие рекоа дека немаат место“, јас одговорив: „Кој рече дека нема место? Седнете.“

Инаку, ресторанот се наоѓа на само 10 минути возење од палатата Амалиенборг и има импресивна просечна оценка од 4,5 ѕвезди на „Трипадвајзор“.

Овој интересен детаѝ е само уште еден во низата приказни кои потврдуваат дека дури и членовите на кралското семејство можат да доживеат секојдневни, понекогаш дури и непријатни ситуации.

Данската принцеза Мери се откажала од верата и стариот живот поради љубовта: Таа е една од најобразованите дами во кралското семејство!

Се запознала со принцот Фредерик во паб: Која е идната данска кралица Мери?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот