Готвење / мајка и ќерка
Фото: Pexels/August de Richelieu

Кога критиката остава лузни: Седум знаци дека сте биле премногу критикувани како деца

Постои голема разлика меѓу конструктивна критика и постојано, прекумерно критикување. Конструктивната критика ни помага да растеме, но постојаната критика, особено во детството, остава невидливи, но длабоки лузни. Тие често влијаат врз нашето однесување и во зрелата возраст, пишува „Е-клиника“.

Психолозите истакнуваат дека луѓето кои како деца биле постојано критикувани, развиваат одредени обрасци на однесување – понекогаш толку суптилни што тешко се препознаваат. Целта не е да се посочи вина, туку да се разбереме подобро себеси и другите, и да изградиме свет во кој се зборува со почит, а се слуша со внимание.

Можеби во овие редови ќе се препознаете себеси или некој близок. Тоа е првиот чекор кон промена.

1. Претерано размислување и постојана самосомнеж

Луѓето кои растеле под „дожд“ од критики често го преиспитуваат секој свој потег, стравувајќи дека ќе бидат осудени. Во зрелоста тоа се манифестира како тешко носење одлуки и постојано барање одобрување. Свесноста за овој образец е клучот кон промена.

2. Перфекционизам до исцрпеност

Стравот од грешки создава убедување дека мора да се биде совршен за да се избегне осуда. Овој перфекционизам е исцрпувачки и често води до прегорување. Прифаќањето дека грешките се можност за учење е прв чекор кон ослободување.

3. Тешко прифаќање пофалби

По долг период на негативни коментари, комплиментите може да звучат неискрено. Многумина ги минимизираат или ја менуваат темата. Вежбањето едноставно да се каже „Благодарам“ помага во прифаќањето на сопствената вредност.

4. Пречувствителност на критика

Дури и блага забелешка може да предизвика анксиозност и одбранбена реакција. Тоа е „емоционална лузна“ од минатото. Препознавањето на оваа чувствителност овозможува посмирен одговор.

5. Тешкотии во изразувањето

Стравот од погрешни зборови може да ја намали подготвеноста да се споделат мисли или чувства. Потсетувањето дека нашите зборови имаат вредност е основа за послободна комуникација.

6. Претерана попустливост

Некои луѓе развиваат постојана потреба да им угодуваат на другите, дури и на сопствена штета, за да избегнат осуда. Прифаќањето на сопствените мани носи ослободување од оваа навика.

7. Ниска самодоверба

Постојаната критика може да остави длабоко чувство дека не сме „доволно добри“. Свеста за овој образец е првиот чекор кон негово надминување.

Траги од искуства што можат да се променат

Многу од нашите навики имаат корени во детството, но тие не се осуда за цел живот. Промената започнува со прашањето: „Дали ова однесување е навистина моето вистинско јас или е стар, научен одговор на стара критика?“. Со секој искрен одговор на ова прашање, правиме чекор кон живот во кој критиката повеќе не ја одредува нашата вредност.

Ако сте растеле во средина со премногу критика, сторете сè за тој круг да не го пренесете на своите деца – секое дете заслужува да расте со љубов, разбирање и поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот