
Кога коронавирусот ќе влезе во телото, имунолошкиот систем крева температура: Но ако дојде до цитокинска бура, работите нагло се комплицираат
За коронавирусот SARS-CoV-2, односно Ковид 19, првпат слушнавме пред три месеци, но научниците веруваат дека имаат доволно информации за да објаснат од каде доаѓа и зошто е толку екстремен.
Една од добрите работи во врска со коронавирусот, вклучувајќи го и Ковид 19, е таа што лесно се уништуваат. Секој вирус се состои од мал сет на гени кој е опкружен со сфера липидни молекули кои сапунот многу лесно ги разорува. 20 секунди темелно миење раце ќе ги убие како од шега.
Препорачано
Овие липидни омотувачи, исто така утешно, не се држат добро на картон, додека на пластика и челик може да се задржат два до три дена. Суштината е во тоа дека не можат да преживеат сами, неопходно им е тело. Тоа е она што сигурно го знаеме за нив.
Сузан Вајс од Универзитетот Пенсилванија ги проучува синџирите на коронавирусот околу 40 години. На самиот почеток, само десеттина научници ширум светот го делеле нејзиниот интерес за коронавирусите, а бројот на заинтересири, вели, нагло пораснал после Сарс епидемијата во 2002 година.
– До тогаш поголемиот број на научни заедници ги сметаа коронавирусите за неважни во однос на човечкото здравје. Меѓутоа, после Сарс и Ковид-19, на сите ни е јасно дека мора да им посветиме внимание. – вели Сузан за “theatlantic.com”.
Сузан нагласува дека Ковид 19 никако не е настинка. Има поинакви симптоми, се шири многу бргу и многу повеќе е смртоносен. На крајот, припаѓа на потполно друго семејство на вируси.
До сега, семејството на коронавирусот имал шест припадници. Четири од тие шест, OC43, HKU1, NL63, и 229E повеќе од 100 години се присутни меѓу луѓето и не предизвикуваат некои посебни проблеми. Тие се причинители на третина од настинките кои од сезона во сезона ги преболуваме. Други два членови се MERS и SARS, многу поопасни и смртоносни. А зошто дури седмиот, Ковид -19, прерасна во пандемија?
Пред се, поради својата структура. Ковид-19 е всушност топка на шилци. Тие шилци програмирани се да го препознаат протеинот ACE2 кој се наоѓа на површината на нашите клетки. Кога ќе го лоцираат, тоа е првиот чекор кон инфекцијата. Боцките му помагаат подобро да се прицврсти на ACE2 отколку што може Сарс.

– Веројатно поради боцките е и толку заразен и лесно пренослив, – забележува Анџела Расмусен од Универзитетот Колумбија. Бидејќи, објаснува, колку вирусот е поцврсто врзан за нашите клетки, помалку напор му треба да го инфицира телото.
Постои уште една важна работа во врска со шилците – сочинети се од две споени половини. Кога тие половини ќе се раздвојат, вирусот се активира и дури тогаш може да продре во клетките. Кај вирусот Сарс тоа оддвојување се одвива тешко. Меѓутоа, во случај на Ковид-19, мостот кој ги спојува двете половини лесно го раздвојува ензимот наречен фурин. Фуринот го произведуваат човечките клетки и се наоѓа во повеќето ткива.
– Ова е многу важно сознание зашто може да ги објасни досега необјаснетите појави во врска со коронавирусот, – вели Кристијан Андерсен од институтот Scripps Research Translational.
Да кажеме, објаснува Андерсен, повеќето респираторни вируси го напаѓаат горниот и долниот дел на дишните патишта. Инфекциите на горните дишни патишта полесно се пренесуваат, но се поблаги, додека воспаленијата на долните дишни патишта се потешко преносливи, но се посериозни. Ковид-19, судејќи по се, ги погодува и горните и долните дишни патишта и поради тоа е толку убивствен. Тоа е причина и зошто се пренесува и додека не се појавиле симптомите на болеста.
Ковид-19 е многу успешен во напаѓање на луѓе иако потекнува од животни. Најблизок „див“ роднина на Ковид-19 е SARS-CoV-2 кој се наоѓа во лилјаците, па затоа се претпоставува дека од нив потекнува, а дека на луѓето поминал со посредство на некое друго животно.
Кога Сарс се појавил, требал прво да мутира за да може да го препознае ACE2. Меѓутоа, SARS-CoV-2 тоа го можел уште од првиот ден. Тоа е она што ги збунува научниците. Кои се шансите некој вирус од лилјаците од прва така добро да функционира во инфицирање на луѓето?
– Шансите за тоа се многу мали, но постојат милиони милијарди за нас непознати вируси. Можно е и тоа што нам ни е невозможно, вели Андерсон.
Од почетокот на пандемијата, забележуваат научниците, вирусот не ги менувал своите својства и не мутирал како сите други вируси. До сега се документирани над 100 мутации, но ниедна не презела доминација, што значи дека ниедна не е посебно важна.
– Вирусот веројатно е стабилен колку преноси и да помине, -вели Лиза Гралински од Универзитетот во Јужна Каролина, додавајќи дека тоа е логично зашто нема еволутивен притисок да ги подобри своите движења. Уште од сега се шири неверојатно ефикасно.
Постои еден моќен исклучок. Од неколку пациенти од Сингапур, изолиран е SARS-CoV-2 на кој му недостигаат низа гени – истата низа која исчезнала и од Сарс во текот ан последните фази на неговата епидемија. Се верува дека токму тоа предизвикало Сарс да биде помалку вирулентен, но допрва ќе се види што тоа значи за Ковид-19. Некои коронавируси се лесни, некои се смртоносни.
-И понатаму не разбираме зошто од ОС43 само ни тече носот, додека Сарс или Ковид-19 се толку убиствени. Сите тие се коронавируси, – вели Гралински.
Што се случува кога Ковид-19 ќе влезе во телото?
Кога Ковид-19 ќе дојде до телото ги напаѓа ACE2 клетките кои ги обвиваат нашите дишни патишта. Клетките умираат и исчезнуваат, а попатно ги полнат белите дробови со отпад и носејќи го вирусот длабоко во белите дробови. Какошто инфекцијата напредува, белите дробови се блокираат со мртви клетки и течност поради што дишењето станува отежнато.
Имунолошкиот систем се организира и го напаѓа вирусот што предизвикува воспалување и температура. Во екстремни случаи имунолошкиот систем може да се збуни и да предизвика повеќе штети отколку самиот вирус. На пример, крвните садови можат да се отворат и да допуштат на дефанзивните клетки да дојдат до местото на инфекцијата, што би било добра вест, но ако крвните садови станат премногу попустливи, белите дробови се полнат со уште повеќе течност. Ваквиот силен одговор на имунолошкиот систем се нарекува цитокинска бура и токму оваа појава е одговорна за многуте смртни случаи, и за време на пандемијата на грипот во 1918 година, и за време на пандемијата на птичјиот грип и Сарс. Веројатно оваа појава важи и за најтешките случаи од Ковид-19.
– На вирусите им треба време да се адаптираат на домаќинот. Кога првпат ќе продрат во луѓето, не знаат што прават и предизвикуваат и вакви неочекувани одговори на организмот, – вели Акико Ивасаки од Јеил.
Во текот на цитокинската бура, имунолошкиот систем напаѓа се по ред, не бирајќи мета. Кога тоа ќе се случи, човечкото тело е уште поподложно на бактерии. Овие бури можат да се случат и во други органи, на само во белите дробови, особено ако луѓето патат од хронични болести. Тоа објаснува и зошто посебно тешки инфекции со Коивд -19 завршуваат со компликации, како срцеви проблеми и секундарни инфекции.
Зашто некои луѓе тешко го поднесуваат коронавирусот, а други имаат само слаби симптоми?
Клучен фактор се годините. Постарите луѓе се позагрозени зашто имунолошкиот систем им е ослабен, а децата се најмалку загрозени зашто минимална е шансата нивното тело да произведе цитокинска олуја. Тука се и други фактори – генетика, имунолошкиот систем, количина на вирусот на кој се изложени, а и други микроби кои се веќе присутни во телото играат мала улога во одговор на организмот.
Коронавирусите се, судејќи по се, вируси кои се посебно опасни на ладен и на сув воздух, кога и онака тенките слоеви течност кои ги обложуваат нашите бели дробови стануваат уште потенки. Сувиот воздух му пречи и на имунолошкиот систем да даде се од себе. Кога времето е влажно и топло, организмот послесно се бори со респираторните вируси. Иако овој факт е охрабрувачки, тој веројатно нема да има многу влијание на оваа пандемија. Сите сезонски варијации на времето ништо нема да значат на луѓето кои имаат слаб имунолошки систем. На крајот, вирусот рапидно се шири во Сингапур и Австралија, што докажува дека моментно временските услови ништо не му значат.
-Не верувам дека промената на временските услови ќе ја стопираат пандемијата. Во најоптимистичко сценарио може многу малку да ги олесни работите, но толку има пренос преку човечки контакти што тоа на крај нема да биде значаен фактор. Клучно е да се успори ширењето на вирусот, летото нема да не спаси, – вели Лиза Гралински.