Кога ќе одите во пензија молете се да ви се ажурирани податоците

Државниот завод за ревизија и во најновиот извештај за работењето на Фондот за ПИО евидентира: „Слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција и недовршен процес на индексирање и дигитализирање на микрофилмови и скенираните документи кои го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО“.

Ова преведено со народски јазик значи дека кога некој ќе оди во пензија може да му фалат години иако бил плаќан стажот, а од тоа некому му зависи пензија, а некому дали воопшто има право да оствари пензија, ако го нема минимумот работен стаж од 15 години.

Ревизорите утврдиле и дека во Фондот стојат нераспределени средства. И ова е страшен податок – тоа значи дека нечии пари не се на неговата сметка, а сите приноси и целиот стаж еден ден ќе послужи за пресметката на конечната пензија.

„На уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за ПИО има нераспоредени средства кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО“, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот