фото: твитер

Клоп: Би било добро Премиер лигата да го има најдобриот играч на светот!

Новата сезона во Англија започнува в сабота (29 август), со натпреварот од ФА Комјунити шилд помеѓу шампионот во Премиер лигата, Ливерпул и победникот на ФА Купот, Арсенал, со почеток од од 17.30 часот на „Вембли“.

Но, во Англија, како и во целиот фудбалски свет, главна тема е Лео Меси и одлуката да ја напушти Барселона.

Кој не би го сакал Меси? Но, нема шанси, едноставно не можеме да одговориме на тие бројки. Не мораме ни да размислуваме за тоа. Сè е јасно. Нема шанси – рече менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Воедно германскиот стратег коментираше и за евентуалниот трансфер на Аргентинецот во редовите на Манчестер сити.

Тогаш би било потешко да ги победиме, а веќе беше тешко. За Премиер лигата би било одлично да го има најдобриот најдобриот играч на светот. Но, не сум сигурен дали на лигата ѝ е потребна големо засилување, но сигурно би било. Би сакал да го видам во Англија, тука фудбалот е поинаков отколку во Шпанија. Би сакал, но не сум сигурен дека тоа ќе се случи – додаде Клоп.

Меси го кани Нејмар да играат во ист клуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!