Српската телевизија Н1/ Фото N1InfoBG Twitter Screenshot

„Ќе ве запалиме, само чекаме дозвола“: Редакцијата на Н1 во Србија мета на секојдневни закани

Во последните месеци, уредничкиот тим на Н1 телевизија секојдневно добива гнасни закани и навреди преку коментари на вести на нивната веб-страница, на профили на социјалните мрежи, па дури и преку е-пошта. Во последните неколку дена, бројот на вакви коментари повторно се зголеми.

Медиумот јавно објави дека новинарите добиваат пораки дека „скапо ќе платат“, се соочуваат со клетви и повици за силување и смрт.

„Брате Вучко, ајде само да го изгориме целиот Н1 и Србија ќе биде мирна долго време, мора да биде така… Само чекаме дозвола“, „Ајде да ги изгориме Н1 и Нова“, „српските националисти ќе ве најдат дури и да сте во глувчешка дупка“, „наскоро ќе исчезнете, ајде да ги изгориме Н1 и Нова“, се дел од коментарите кои ги добиваат новинарите, објави медиумот.

Н1 и претходно се обрати и до претставници на извршната власт, барајќи итно да реагираат и да ја запрат сериозната и систематска кампања на таргетирање, закани и заплашување што се води против нивните вработени со месеци, за која велат дека учествуваат највисоките државни органи, вклучително и претседателот на Републиката, со поддршка на прорежимски таблоиди и јавно финансирани медиуми.

Оттаму велат дека новинарските здруженија реагираа, но владата не го сторила тоа.

„Напротив, по примерот на претседателот на државата кој ги прогласи медиумите на „Јунајтед груп“ за медиумска платформа на окупација, прорежимските таблоиди и владини претставници деновиве го нарекуваат Н1 „окупациски медиум“ и нè обвинуваат дека организираме протести и дека сме „главни поттикнувачи на граѓанска војна“, пишува медумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот