
Ќе стане ли поквалитетно гимназиско образование со новата концепција и дали некој ги прашал гимназијалците за мислење? Утре во „Слободен печат“
Што ако навистина предметот филозофија стане изборен предмет? Бура од реакции за новата концепција за гимназиско образование од научната фела, професорите и институтите. Група наставници по предметот филозофија испратија отворено писмо до министерката Весна Јаневска, разочарани од како што велат „модернизацијата“ на реформите што за нив не претставува модернизација. Една од нив е и професорката Драгица Солунчева, професорка по филозофија, етика и логика при скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“. Со професорката во утринската емисија „Слободен печат“ зборуваме подетално за новата концепција.
Препорачано
Според професорката Дијана Петрова, професорка по македонски јазик при Математичко-информатичката гимназија-Скопје оваа концепција има и многу позитивни страни. Што според неа ќе подобрат овие измени кај гимназијалците ќе дознаете во разговорот со неа.
Сојузот на средношколци има позитивна критика за новата концепција за реформи во гимназиското образование. Дали имаа средба со министерката за образование и наука? Што мислат за реакциите на професорите по филозофија? Го прашуваме Берин Мухамед, претседател на Сојузот на средношколци.
Милорад Цајиќ Цајо е еден од првите менаџери во Скопје и организатор на многу забавни настани во изминативе неколку децении. Веќе традиционално тој ја организира најголемата ретро журка „Форевер јанг“, која годинава ќе се одржи на 22 март во „Евент центар“ во Скопје.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.