
Ќе се уриваат дивоградбите ако се утврди дека се опасни по животот на граѓаните, вели Тошковски
Доколку се утврди дека се опасни за животот на граѓаните, тогаш ќе се постапува по закон и ќе се уриваат дивоградбите, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој беше прашан што ќе се прави со дивоградбите во Чаир, но и во другите општини во земјата, доколку се утврди дека се незаконски изградени.
„Секако дека ќе се постапи по закон. Доколку се утврди дека станува збор за дивоградба, доколку се утврди дека истата претставува опасност по животот на граѓаните секако дека треба да биде предмет на уривање“ рече министерот Тошковски.
За да се обезбедат докази за бесправна градба, полициски службеници вчера влегле во општините Чаир, Сарај и Аеродром, а се очекува тоа да го сторат денеска и во општина Кисела Вода.
„Не би можел да споделам во овој момент информации во врска со обезбедна документација, но сакам да напоменам дека ова се тековни активности на МВР. Ова не е сега јавноста има интерес за конкретната тема и МВР постапува, туку ова се тековни активности по коишто постапуваме секојдневно, изјави Тошковски.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска започна со откривање на дивоградби во општина Чаир, каде минатата недела при увид на еден објект, беше физички нападната.