Градски парк, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ќе се сечат 113 дрвја во Градскиот парк, „Зелен хуман град“ повикува на внимателен пристап

Според решението објавено пред 30 дена од Секторот за комунални работи од Град Скопје, се одобрува сечење на 113 дрвја во Градскиот парк во Скопје, објави иницијативата „Зелен хуман град“ (ЗХГ).

„Животот на едно дрво нормално е да има крај (дали природен или поради лошо одржување), но мора многу претпазливо да се пристапи кон вака драстично менување на последната скопска оаза“, велат од ЗХГ.

Активистите потенцираат дека, според она што го гледаат на терен, има дрвја кои делуваат здрави и затоа побарале од Град Скопје детално мапирање на секое дрво опфатено со ова решение, како и детално објаснување зошто секое дрво треба да се исече.

„Без разлика што на нивно место ќе се засадат 300+ нови дрвја не помлади од 6 години, замена на децениски дрвја е невозможна – и за животната средина, и за сенката, и за кислородот и за екосистемот. Затоа на секаква интервенција врз зеленилото од кое и така има огромен недостиг во Скопје, мора да се пристапи премногу внимателно!“, велат од ЗХГ.

По дискусија со Секторот за комунални работи, добиле покана да ги разгледаат извештаите од шумските инженери за секое дрво, и да направат заедничка обиколка низ Градскиот парк, за да се објаснат состојбите и причините за сеча на овие дрва.

„Поканата ја прифаќаме, и штом таа се договори ќе објавиме јавно за секој да може да присуствува“, пишува во соопштението на „Зелен хуман град“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот