Ќе се објавуваат имиња на избрани и именувани функционери

Од понеделник ќе стартува регистерот за избрани и именувани функционери во Македонија, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска. Регистерот ќе биде достапен на страницата на ДКСК и ќе биде јавен.

Станува збор за обврската на секоја државна институција да пријавува промена на раководна функција, а тие што нема да го направат тоа ќе бидат казнети. Ваквиот регистар беше најавен уште во 2015 година со измената на Законот за спречување на корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот