Бугарскиот претседател Румен Радев и косовската претседателка Вјоса Османи/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Ќе одолеат ли Горанците на Косово на притисоците од Бугарија, анализа на Еуроњуз за обидот за асимилација за горанската заедница

Во две одделни посети на Косово, Бугарија официјално од косовските власти побара признавање на постоењето на бугарското малцинство на Косово, потоа загарантирано место во советот за заедници и на крајот Бугарите како уставна категорија.

Косово минатата година го посетија потпретседателот и претседател на Бугарија Илијана Јотова и Румен Радев. Јотова од јужниот дел на Косово, од Драгаш и Призрен, во февруари побара бугарската заедница, како што рече, да добие статус на национално малцинство и да биде вклучена во Уставот на Косово. Бугарскиот претседател Румен Радев го побара истото од косовската претседателка Вјоса Османи од Приштина пред неколку недели, пишува Еуроњуз.

Во таа прилика бугарскиот претседател Румен Радев нагласи дека Софија и Приштина ги поврзува постоењето на бугарската заедница на Косово.

„Тоа е мост на соработка меѓу двете земји и верувам дека ќе продолжиме да работиме на таков начин, да започнеме практични правни чекори оваа заедница слободно да го изразува својот идентитет, да ги зачува јазикот и културните традиции“, рече Радев.

;

На тоа доби одговор дека на пописот во април секој може да се изјасни како сака.

„Косово е мултиетничко и неговиот Устав вели дека е држава на Албанците и другите заедници. Затоа нема ограничувања и никој не спречува никого да се самоидентификува на која заедница припаѓа“, рече Османи.


А на југот на Косово, во Призрен, канцеларијата на Здружението за развој и интеграција на бугарската заедница ја отвори самиот претседател Радев.

„Овој пат ни беше дадена можност, претседател на европска земја која го призна Косово, нашата пријателска земја Бугарија, сака да ни помогне, а што има лошо во тоа? Засега во Призрен нема Бугари. Нема. Н постојат, официјално ги нема. Тоа ако некој собере 500-600 потписи и му каже некому дека е Бугарин тоа не пие вода. Официјален податок е пописот. Ако Бугарите работат на тоа, нека работат,немам ништо против, но тие имаат соработка со нас во однос на економскиот развој на Жупа“, рече Абаз Адеми од Здружението за развој и интеграција на бугарската заедница на Косово, пренесува Еуроњуз.

Економски најнеразвиените делови на Косово, Жупа и Гора, се претежно населени со Горанци, автохтон народ од муслиманска вероисповед чиј јазик е архаичен словенски говор. Ги има околу 15.000, а бугарската потпретседателка Јотова изјави дека потеклото им е бугарско.

„Многу луѓе, особено од Призрен, беа испратени да студираат во Бугарија со надеж дека за време или по нивното образование можеби ќе можат да добијат бугарска виза. Ова се причините поради кои луѓето ги пополнуваат формуларите со кои сакаат да студираат и земи пасош. И патем во таа форма имав можност да го видам, во првата реченица пишува дека во бугарското ‘Аз’ така и така именувано ‘се бугарски проиход’, значи јас сум толку и така, со бугарско потекло“, изјави Садик Идризи, професор на Универзитетот во Призрен.

Барањата на бугарскиот претседател, инаку, се признавање на постоењето на бугарското малцинство на Косово, потоа загарантирано место во советот за заедници и на крајот Бугарите како уставна категорија.

На пример, во 2017 година, на барање на Бугарија, Албанија го вклучи бугарското национално малцинство во Уставот, а причината поради која Северна Македонија сè уште не ги започнува преговорите со Европската унија е тоа што сè уште не го исполнила барањето од Софија да го вклучи бугарското национално малцинство во неговиот Устав.

Младеновиќ: Горанците не се чувствуваат како Бугари

Во изјава за Еуроњуз Србија, Радивоје Младеновиќ од Институтот за српски јазик при САНУ рече дека ставот на Бугарите е дека тие веруваат „дека планетата Земја најпрво била населена со Бугари“.

„Веќе повеќе од сто години дел од бугарската државна политика и бугарската наука и квазинаука се обидуваат да докажат дека поголемиот дел од Балканскиот Полуостров всушност припаѓа на периферните бугарски говори и дека во овој контекст е формиран еден проект, кој е многу агресивен, кој дејствува како на Косово и Метохија, како и во внатрешноста на Србија“, рече тој.

Зборувајќи за Горанците, тој рече дека тие не се чувствуваат како Бугари и дека повеќе би сакале да припаѓаат на посебна етно-културна заедница.

„Горанци, знаете, е словенски идиом, кој во најстариот слој несомнено припаѓал на српскиот јазичен систем, меѓутоа, тоа е шарпланинската сточарска област и дека од јужниот дел на Шар Планина доаѓало население со различен дијалектен тип, а таа популација ја смени јазичната структура на горанскиот говор. Во овој момент, јас зборувам во овој момент, горанскиот говор во својата основа е периферен западномакедонски со инфилтрација на српски карактеристики“, рече тој.

На прашањето кој е нивниот мотив да земат бугарско државјанство, доколку не се чувствуваат Бугари, Младеновиќ вели дека тоа е исплатливо.

„Причините се многу лукративни, од моментот кога некој ќе земе бугарско државјанство добива бугарски пасош, со бугарски пасош може да оди во Европската унија. Тоа е суштината. Да ви дадам поинаков пример. Во романскиот Банат, има група со српско потекло од католичка вероисповед. Хрватска во 90-тите им понудила хрватски пасоши со кои потоа можеле да патуваат во Европската унија, а голем број Карашевци прифатиле хрватско државјанство од профитабилни причини. Истото тоа се случува и со луѓето од Гора“, вели тој.

И додава дека Горанците успешно и` одолеваат на асимилацијата.

„Тоа е етно-културна заедница која е длабоко вкоренета, која е многу упорна во својот идентитет. Само да кажам дека во Албанија, односно Гора не е целата на Косово и Метохија,  односно во Србија, туку има девет населени места во Албанија и иако беа принудени да посетуваат училишта на албански јазик од 1945 година, тие сè уште го користат горанскиот јазик во нивната меѓусебна комуникација. Што ќе се случи? За жал, Гора во моментов е главно празна. Повеќе горански деца има во Борча крај Белград отколку во самата Гора“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!