Ќе ги испорача ли Приштина осудените за „Монструм“? Косовската влада вели дека чека на Обвинителството

Денес министерот за правда Игор Филков остварил работна средба со министерката за правда на Република Косово, Албулена Хаџиу, во Приштина, соопшти неговиот кабинет.

На средбата се разговарало на повеќе теми кои се од интерес на двете држави. Било дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји – од кои едното е случајот „Монструм“, за кој од косовска страна било презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации, ќе ги проследат до Министерството за правда на Република Северна Македонија.

„Во однос на нивните барања за случајот „Диво насеље“, министерот Филков посочи дека сите предмети се земени во работа и дека се постапува со нив согласно националното законодавство и сите меѓународни стандарди“, се вели во соопштението.

Косово досега одбиваше да ги испорача во Македонија Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои и двајцата се осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012 година.

Двајцата министри ја искажале својата определба да продолжи соработката помеѓу двете институции во насока на остварување на заедничките заложби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот