Фидиас Панајоту / Фото Принтскрин

Кипарски јутјубер обезбеди место во Европскиот Парламент

Познатиот кипарски јутјубер и инфлуенсер Фидиас Панајоту, кој на европските избори во Република Кипар учествуваше како независен кандидат освои 19,4 отсто од гласовите и е на третата позиција со што обезбеди место во Европскиот Парламент.

Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиас особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а според официјалните резултати, освои 71.330 гласови, 20.000 помалку од првата партија ДИСИ и 7.800 помалку од втората АКЕЛ.

Централно-десничарската ДИСИ победи со 24,8 проценти од гласовите, а комунистичката АКЕЛ доби 21,5 проценти.

На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент.

ДИСИ доби двајца европратеници, а по еден претставник ќе имаат АКЕЛ, ултранационалистичката ЕЛАМ, Демократската партија, а место обезбеди и јутјуберот.

По соопштувањето на резултатите Фидиас рече дека ни тој не може да поверува дека доби речиси 20 отсто од гласовите, потенцирајќи дека е шокиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот