Луѓе со заштитни маски во Кипар / Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Кипар дозволи да се гласа со наполнети 17 години

Кипарската Влада на денешната седница одлучи да ја намали минималната старост за остварување на правото на глас, дозволувајќи на избори да гласаат сите во државата кои имаат наполнети 17 години, јавија локалните медиуми.

– Се надевам дека Парламентот веднаш ќе одговори, така што на следните избори, а тоа се парламентарните избори во 2026 година, нашите млади од 17-годишна возраст ќе учествуваат во изборниот процес, како што е случај во другите земји-членки на Европската Унија, рече Претседателот на Кипар Никос Христодулидис на почетокот на владината седница.

Христодулидис рече дека денеска е „историски ден за демократијата во земјата“.

Владината иницијатива е дел од пакетот измени на Изборниот законик кои беа одобрени на денешната седница и ќе бидат испратени на гласање во Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот