
Кинеските градови повеќе не смеат да градат „супер високи згради“
Кина им забрани на помалите градови во земјата да градат „супер високи згради“ во обид да ги потисне таканаречените „големи проекти“. Според Би-Би-Си, на градовите со население од помалку од три милиони луѓе ќе им биде забрането да градат облакодери над 150 метри.
Препорачано
На оние градови со поголема популација ќе им биде забрането да подигаат објекти повисоки од 250 метри. Во Кина веќе има забрана за градби повисоки од 500 метри.
Кина е дом на некои од највисоките згради во светот – вклучувајќи ја Шангајската кула висока 632 метри, како и финансискиот центар Пинг Ан во Шенжен од речиси 600 метри.
Локалните медиуми јавуваат дека, иако облакодерите можеби се потребни во пренаселените градови како Шангај и Шенжен, во другите градови нема недостиг од земјиште, па затоа облакодерите се подигнуваат во потрага по дополнителна заработка на бизнисмените и фирмите кои ги градат.
Кина се повеќе „се занимава“ со поскапите проекти, критикувајќи ја опсесијата на локалните претприемачи да градат згради што ќе се истакнуваат од другите.
„Грда архитектура“
Претходно оваа година, земјата издаде забрана за „грдата архитектура“.
„Ние сме во фаза кога луѓето се премногу нагли и желни да произведат нешто што навистина би можело да замине во историјата“, изјави претходно за South Chuck Morning Post, Џанг Шангву, професор на Факултетот за архитектура и урбанизам на Универзитетот Тонги.
„Секоја зграда има за цел да биде обележје, а архитектите и урбанистите се обидуваат да ја постигнат оваа цел со тоа што се екстремни во новитети и необичностите“, додаде тој.
Во заедничката изјава објавена на почетокот на неделава, Министерството за домување и урбано-рурален развој и Министерството за вонредни состојби појаснија дека ќе бидат потребни посебни исклучоци доколку град со помалку од три милиони жители сака да изгради облакодер повисок од 150 метри.
Меѓутоа, во никој случај не можеле да изградат зграда поголема од 250 метри.
Слично на тоа, градовите со урбано население од над три милиони, под одредени околности, би можеле да се натпреваруваат за изградба на облакодери повисоки од 250 метри, но со строга забрана за градби над 500 метри.
Оние кои одобруваат проекти кои ги прекршуваат овие нови правила ќе бидат „одговорни доживотно“, се додава во соопштението.
Изјавата беше најмногу одобрена на кинеската социјална мрежа Веибо, а многумина изјавија дека „не се потребни“ супервисоки облакодери.