Фото: Јутјуб/принтскрин

Кинескиот шпионски балон наводно користел американска технологија

„Волстрит журнал“ повикувајќи се на прелиминарните резултати од истрагата објави дека кинескиот шпионски балон што прелета над САД на почетокот на годината користел американска технологија за собирање аудио-визуелни информации.

– Анализата на неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции покажа дека балонот носел комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема за собирање фотографии, видеа и други информации што ги пренесувал во Кина, наведува „Волстрит журнал“.

Весникот истакнува дека се потврдува заклучокот дека леталото било шпионско, а не за метеоролошки цели, како што тврди Кина.

– Сепак, се чини дека балонот не испратил податоци до Кина за време на осумдневниот прелет на Алјаска, Канада и некои други земји, истакнува „Волстрит журнал“.

Во февруари, САД соборија балон кој леташе над чувствителни воени објекти, што предизвика дипломатска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот