
Кинеската компанија богато ги наградува своите вработени- услов се истрчани километри
Компанија за хартија „Гуангдонг Донгпо Пејпер“ предизвика лавина од коментари кога воведе нов модел за наградување на вработените – бонус за истрчани километри.
Наместо традиционален паричен бонус на крајот од годината, вработените сега добиваат бонус врз основа на тоа колку трчале во текот на месецот. Системот функционира вака:
Препорачано
Бонус од 130 проценти за оние кои трчаат 100 километри месечно, целосен бонус за 50 километри и помал бонус за 30 километри. Компанијата користи апликации за следење на фитнесот за да го провери напредокот на вработените.
Претседателот на компанијата Лин Џијонг, познат по тоа што се искачил од двете страни на Монт Еверест, изјави за „Гуангжу дејли“ дека здравјето на вработените е клучно за успехот на компанијата.
– Здравите работници се основа на здрав бизнис, рече Лин – оваа практика е долгорочна инвестиција во тимски дух и отпорност.
Сепак, оваа одлука предизвика поделени мислења. На кинеската социјална мрежа Веибо, имаше критики дека трчањето од 100 км месечно е премногу напорно за просечниот работник. Корисниците изразуваат загриженост за можни повреди, стрес, како и неправда кон постарите вработени или оние со здравствени ограничувања.
Некои се прашуваат – дали овој пристап е мотивација или форма на притисок? Иако компанијата сакаше да поттикне здрав живот и тимски дух, многумина предупредуваат дека на долг рок би можела да се соочи со незадоволство и отпуштање- пишува Каматица.