Фото: Thissatan Kotirat / Alamy / Alamy / Profimedia

Кина повторно го отвора пазарот за Русија

Кина повторно ќе го отвори својот пазар на обврзници за водечките руски енергетски компании, означувајќи ново ниво на економско и политичко зближување меѓу двете земји
На состанокот во Гуангжу кон крајот на август, кинеските регулатори ги информираа руските претставници дека ќе го поддржат издавањето на таканаречените „панда обврзници“. Овој вид обврзница, деноминирана во кинески јуани, ја издава странска компанија или влада на кинескиот пазар и им обезбедува на инвеститорите како што се банките и осигурителните компании заштита од валутен ризик.

Доколку овој план се спроведе, тоа ќе биде прв пат од почетокот на војната во Украина во 2022 година руските компании да соберат капитал во Кина. Претходното слично издание беше во 2017 година, кога рускиот производител на алуминиум Русал издаде обврзници во вредност од 1,5 милијарди јуани.

Веста за новиот финансиски аранжман доаѓа кратко по средбата меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, во Пекинг. Во таа пригода, Си го нарече Путин „стар пријател“ и нагласи дека односите меѓу Москва и Пекинг „го издржаа тестот на променливите меѓународни околности“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот