unsplash

Кина го ограничува играњето игри за малолетници на еден час

Компаниите за игри во Кина ќе мора да ги ограничат малолетниците да играат игри во петок, викенд и за празници на еден час дневно, јави Синхуа.

Новите правила за ограничување на времето што малолетниците ќе можат да го поминуваат играјќи игри преку интернет ги објави Националната администрација за медиуми и издаваштво како одговор на растечкиот проблем на овој вид зависност.

Регулаторот пропиша дека играчите на возраст под 18 години ќе можат да играат игри од 20 до 21 часот по локално време, а на компаниите за игри на интернет ќе им биде забрането да обезбедуваат гејминг услуги во која било форма надвор од тие термини.

Покрај тоа, компаниите вклучени во оваа активност ќе треба да обезбедат системи за проверка на идентитетот на корисниците и проверка на нивното вистинско име.

Кина претходно го ограничи вкупното време што малолетниците можат да го поминат на платформи за игри на интернет на три часа за време на празниците и 90 минути во други денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!