
Ким Џонг Ун: Помагањето на Русија е братска должност
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Русија секогаш може да смета на поддршката и помошта на Северна Кореја, нагласувајќи дека за Пјонгјанг тоа е прашање на братска должност.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ако има нешто што можеме да направиме за да ѝ помогнеме на Русија, сигурно ќе го направиме тоа и ќе го сметаме за братска должност. Ќе направиме сè за да помогнеме“, рече Ким Џонг Ун на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.
За време на средбата беше нагласена тесната соработка меѓу двете земји и историскиот карактер на односот, кои, како што нагласи севернокорејскиот лидер, се темелат на заедничка борба и меѓусебна доверба. Пјонгјанг, додаде Ким, смета дека е обврска да стои покрај Москва во секое време и да помогне во зајакнувањето на нејзината позиција на меѓународната сцена.
Средбата меѓу двајцата лидери ја потврди, според политичките кругови, намерата односите меѓу Русија и ДНРК да се подигнат на уште повисоко ниво, со посебен акцент на економската и безбедносната соработка.