Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Кикс на младите кошаркари на Европското првенство во Скопје, Кипар побед со пресврт
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со пораз ги отвори настапите на Европското првенство Б-дивизија, кое денеска стартуваше во Скопје. И тоа не било каков пораз, нашите млади надежи беа поразени од Кипар со 76-82, иако речиси целиот натпревар го контролираа резултатот.
Препорачано
Избраниците на селекторот имаа девет поени предност на помалку од четири минути до крајот (72-63) и се чинеше дека се на добар пат кон сигурна победа. Но, тогаш како да се „исклучи светлото“. Кипарците го завршија натпреварот со неверојатна серија од 19-4, погодија пет тројки во последните три минути, а нашиот тим немоќно гледаше како водството се топи и прераснува во пораз.
Кипар реализираше дури 14 тројки од 40 обиди и покажа дека во младинската кошарка нема сигурни победи на хартија, особено не кога противникот добива ветер во грб во клучниот момент.
И покрај поразот, блескаше Лука Чучанов со моќен дабл-дабл од 18 поени и 16 скока, но неговата партија остана некрунисана.
По овој неочекуван кикс, Македонија нема простор за нови грешки, секој следен натпревар е „да се биде или не“ во трката за четвртфинале.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5