Владимир Соловјов

Киев: Путиновиот пропагандист Соловјов поттикнува геноцид над Украинците

Украинската Служба за безбедност (СБУ) поднесе кривична пријава против Владимир Соловјов, еден од најистакнатите водители и пропагандисти на државната телевизија во Русија, за поттикнување геноцид и отворено повикување на напади врз украински цивили, јавуваат украинските медиуми. Соловјов, кој живее во Русија, е недостапен за украинските власти.

СБУ наведува дека против Соловјов се покренати обвиненија по пет члена од украинскиот Кривичен законик, вклучувајќи повреда на територијалниот интегритет на Украина, поттикнување геноцид, оправдување на руската вооружена агресија, пропаганда на војна и дејствија насочени кон насилно менување на уставниот поредок.

Според документите на украинските истражители, Соловјов постојано повикувал на употреба на тактичко нуклеарно оружје против Украина за време на неговите настапи на руската државна телевизија и барал целосна окупација на четири региони на југот и на истокот на земјата. Контроверзните изјави беа емитувани на неговите емисии на каналот „Русија-1“, на Московското радио и на неговиот канал „Телеграм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот